Вториот двобој кој се одигра денеска беше помеѓу екипите на Бразил и на Јужна Кореја, Кариоките влегоа како масивен фаворит во овој дуел а и те како ја оправдаа таа улога уште во првото полувреме во кое постигнаа дури 4 погодока. Винисијус, Нејмар, Ричарлисон и Пакета ја тресеа мрежата секој по еднаш.

Маестрален и за пофалба беше секако и Алисон Бекер кој одбрани неколку убави прилики на оној натрепвар, но сепак остана немоќен и беше матиран од топовскиот удар кој го испали играчот на Јеонбук Сеунг-Хо Паик.

На крајот семафорот покажува 4-1, а Бразил очекувано ќе ги вкрсти копјата со Хрватска на 11.12 во недела од 16:00 по македонско време.