Идејата за размена на територии и население со Албанија не била само негова, вели тој, туку била иницирана и од академците од МАНУ, кои потоа повеќето од нив се повлекле. Целта била да не се влегува во војна со илјадници жртви, бидејќи индиците беа дека меѓународниот фактор повеќе им помага, како што вели тој, на терористите отколку на државата.

– Чудни се луѓето кои порано не сакаа размена на територии со Албанија а денеска се селат од Чаир во другиот дел на Скопје и им пречи кога во нивната зграда ќе се всели албанско семејство, вели претседателот на ВМРО-НП во интервјуто.

Самата година 30 години независност е историја, иако имаше многу бурни денови. Тоа е историја која дава гаранција дека Македонија успеа, заклучува тој.

– Создавањето на Македонија беше врв на еден распад на поранешна Југославија, која се распаѓаше секој ден. Во земјата немаше којзнае каква желба за независност и самостојност, мнозинството беше про-југословенски настроено, туку сплетот на околностите ја тераа да стане независна, следејќи ги другите примери.

Имаше страв дека југословенската армија ќе направи пуч и ќе спроведе диктатура. За среќа тоа не се случи, Македонија не беше во приоритетите на Милошевиќ, а во земјата немаше големо српско малцинство“, заклучи Георгиевски.

Георгиевски додаде дека Македонија сега ќе имаше датум за преговори со ЕУ доколку успеале неговите иницијативи за добрососедство со Бугарија во времето кога тој беше премиер.