Договорот кој го склучил Заев се уште го држи Љубе Бошковски во кабинетот на Премиерот Ковачевски иако екс-министерот со години се наоѓа на црната листа на САД. Премиерот, чија Влада немаше проблем да го раскине договорот за Клинички, за што ни се закануваат пенали од 20 милиони евра сега во кабинетот има човек од црната листа кој е таму бидејќи се уште имал валиден договор, пренесува Сител.

Согласно податоците кои се објавени на Владиниот веб сајт, Љубе Бошковски му е советник на Премиерот Ковачевски за странски инвестиции. За тоа секој месец му плаќаме над 57.000 денари како нето плата.

Ковачевски потенцираше дека Бошковски има активности во делот на промоција на државата во Хрватска, со оглед на тоа дека Хрватска е еден од инвеститорите во Македонија.

Љубе Бошковски не е советник за странски инвестиции, туку со владин договор е ангажиран како соработник во службите во делот на привлекување на странски инвестиции, уште пред јас да дојдам како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан дали во неговата канцеларија уште работи Бошковски, кој се наоѓа на црната листа на САД.