Вложувањето кое пред половина година го договорија „Фрапорт Словенија“, словенечката подружница на германската компанија која управува со словениечкиот аердором и компанијата „Ресалта3 како инвеститор, вреди 350.000 евра.

Електраната покрива 40 отсто од покривот на гаражата

-Современите системи за сопствено производство за соларна енергија претставуваат голем потенцијал за одржлива трансформација. Затоа одлуката да се оди во ваква инвестиција беше едноставна, не само од аспект на економичност туку и со цел намалување на емисиите CO2, рече при пуштањето на погон на електраната Змаго Скобар, советник на управата на аеродромот и прокурист на компанијата „Фрапорт Словенија“.

Фотоволтаичната електрана со номинална сила од 500 киловати годишно ќе произведува 530 мегават часови електриќна енергија.

Електраната е составена од 1.347 модули кои покриваат околу 3.000 метри квардатни, односно 40 отсто од покривот на гаражата.