Љубомир Фрчкоски ќе биде шеф на Мисијата на Република С. Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, дознава „360 степени“.

Откако надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави, по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД), заминувањето во Њујорк би било „утешна награда“ за Фрчкоски.