Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со познатиот актер Милош Биковиќ, кој има потекло од Берово. На средбата се разговараше за иницијатива на Биковиќ за инвестирање во хотелски и рекреативен комплекс во родниот град на неговиот дедо.

„Ме радува неговата иницијативност и љубов кон Берово и Македонија. Така се почитуваат своите корени“, рече Мицкоски.