Љутков додаде дека во овие четири години може граѓаните да видат дека СДСМ не направи ништо на полето култура за жал. За тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во културата и заштита на културното наследство.
– Ние како комисија за култура, но и како ВМРО-ДПМНЕ на претходните парламентарни избори имавме една од најубавите програми што се направени програми за култура во историјата на Македонија. Јас ќе промовирам само неколку од мерките, за тоа што сме овде во Охрид, ќе промовирма дел од мерките кои што се однесуваат точно за овој за регион, за министерството за култура и повеќе за културата и туризмот. Прво и нешто што треба да се направи од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја преземе власта, тоа ќе биде да најмногу се инвестира во заштитата на културното наследство. Значи тоа е основата во културата во Република Македонија. Ќе изработиме стратегија за развој на културниот туризам, ќе инвестираме во унапредување на културниот туризам преку создавање на туристички мапи и културни рути. Ќе ги збогатиме сите археолошки локалитети во Република Македонија со пропратни, културни, едукативни, комерцијални содржина се со цел да обезбедиме поголема туристичка понуда, и на крај одржлив економски развој. Конечно во Македонија и културата мора да стане профитабилна. Не може се да биде на грбот на државата, појасни Љутков.
Љутков укажа дека преку новата програма на ВМРО-ДПМНЕ се ветува дека ќе се создадат услови за вклучување на бизнис секторот во финансирањето на проекти на иснтитуциите во областа на културата, се разбира тука треба да се направат и измени во законот за донации и спонзорства. Ќе се направат реформи и во начинот на финасирање на институциите со што ќе се воведе и јасни и прецизни критериуми за финасирање отворен годишен конкурс и делегиран буџет за националните институции.
Љутков се осврна и како власта потфрли во екот на пандемијата со културата.
– Ни се случи пандемијата, и нам пандемијата ни покажа дека културата не може да функционира на овој начин, дека овој долгогодишен систем повеќе не функционира. Пандемијата ни покажа какви сме ние како држава, како економија, какви сме како култура. Можам да заклучам во овој момент дека сме з аникаде со оваа власт. И како последица од пандемијата замислете културата беше прва на удар. Кога СДСМ културата ја користеше за формирање на шарени револуции, кога ја формираше за боење на фасадите, кога ветуваше се и сешто за културата, таа во овој период беше прва на удар, потсети Љутков.
Љутков посочи дека културата беше прва на удар за затворае, но последна за спроведување на протоколи за непречена работа на институциите. Со тоа јасно се покажа дека ова е значајна општествена гранка за сите нормални држави, а за нашата власт е само поткусуравање, само една ронка во општеството, која служи само за прибирање на евтини политички поени во предизборието.
– И додека во сите соседни земји да речеме Хрватска, да речеме Србија, Бугарија инвестираа во културата во време на пандемијата, Франција исто од европските земји кога видоа дека со пандемијата се затвора угостителството, се затвора бизнис секторот, се затвораат текстилните индустрии, кога видоа дека народот ќе падне во тешка депресија, дека е надвиснат голем облак, што направија тие? Не ги затворија театрите, не ги затворија кината, тие одлучија дека ќе инвестираат многу повеќе во културата за да можат луѓето да останат среќни, за да можат луѓето работат во депресивни моменти. Е тоа е добра одлука, а ние во година дена министерката беше затворена во својата канцеларија и ниту еднаш им се обрати на уметниците, рече Љутков.
Љутков укажа дека центрите за култура, музеите беа оставени на цедило, директорите беа оставени сами да се справуваат со иснтитуциите дури и се префрлаше дека уметниците требало сами да се снаоѓаат во екот на пандемијата.