Часови пред закажаната средба со рускиот претседател Владимир Путин, белорускиот лидер предупреди дека ќе дозволи мигранти и дрога да влезат во Западна Европа.

Во знак на поддршка на Лукашенко, Русија одбива да дозволи некои европски патнички авиони да влезат во нејзиниот воздушен простор.

Австрија вечра ја осуди одлуката на Русија да ги укине услугите Виена – Москва, нарекувајќи ја „апсолутно несфатлива“.

26-годишниот опозициски активист Роман Протасевич и 23-годишната Софија Сапега, беа уапсени кога слетаа во главниот град на Белорусија.

Тие се обвинети за повеќе кривични дела, меѓу кои и за поттикнување немири против Лукашенко, што беше отфрлено како неточно од западните сили.