Штотуку се огласи американскиот претседател Доналд Трамп којшто соопшти детали за нападот на САД врз Венецуела. Тој соопшти дека Николас Мадуро заедно со својата сопруга е уапсен и изнесен од државата.
„Соединетите Американски Држави успешно извршија голем воен удар против Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој заедно со својата сопруга беше уапсен и изнесен од земјата со авион. Оваа операција беше спроведена во координација со американските органи за спроведување на законот. Повеќе детали ќе следуваат. Денеска во 11 часот претпладне ќе се одржи прес-конференција во Мар-а-Лаго. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање!

Погледнете повеќе детали.
(ВИДЕО) ТРАМП НАРЕДИЛ ВОЕНИ НАПАДИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Мадуро прогласи вонредна состојба
