Унгарија се спротивставува на можноста Украина забрзано да напредува кон членство во Европската Унија пред земјите од Западен Балкан, кои со години ги исполнуваат европските услови. Премиерот Петер Маѓар смета дека Киев не треба да добие предност во процесот на проширување и дека истите правила мора да важат за сите кандидатки.

Ставот на Будимпешта ги намалува очекувањата дека по промената на власта во Унгарија ќе биде отстранета блокадата на украинските евроинтеграции. Унгарските власти оценуваат дека давањето приоритет на Украина би било неправедно кон балканските земји, од кои дел со години, а некои и со децении, чекаат напредок кон членство.

Со Украина во јуни бил отворен првиот преговарачки кластер, кој се однесува на основните права, а на почетокот на јули и кластерот за надворешна и безбедносна политика. Сепак, Унгарија го блокирала отворањето на следните два кластера, кои ги опфаќаат единствениот пазар и економската и социјалната политика.

Од Будимпешта порачуваат дека Украина не треба да ги прескокне останатите кандидатки само поради војната и геополитичката поддршка што ја добива од Европската Унија. Според унгарскиот став, напредокот треба да зависи од исполнувањето на критериумите, а не од политичка одлука за забрзување на приемот.

Маѓар најавил и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа сè уште не се одржала.