Полицијата по извршениот увид соопштила дека пожарот брзо се проширил низ објектот, поради што мајката и децата, на возраст од една и пол и три години, не успеале да излезат од куќата.

Семејството неодамна се вратило од Германија, каде што живеело, и престојувало во нивниот поранешен дом кој се наоѓал во планински предел. Во моментот кога избувнал пожарот, сопругот и таткото на децата не биле во куќата.

При увидот во целосно уништениот објект, истражните органи пронашле експлодирана плинска боца, како и канистер со бензин. Полицијата продолжува со истрагата за да ги утврди сите околности и точната причина за избувнувањето на пожарот.

Дополнителен проблем за спасувачките и противпожарните екипи претставувал тешко пристапниот терен. Куќата била лоцирана на планински локалитет, на околу 30 минути пешачење од најблискиот автопат, па пожарникарите пристигнале откако објектот веќе бил целосно уништен од огнот.