Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри денеска има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и до 100 метри на планинските превои Пресека и Буково, информира ЈП „Македонијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Додаваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.