Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром.. Откажани или пренасочени се десетина летови за само два дена. Дел доаѓаат или заминуваат со неколкучасовно задоцнување, а дел се пренасочуваат кон аеродромот во Приштина. Денеска беа откажани летови од Бремен и Дортмунд, а дури на четири часа беше одложен летот за Истанбул. Утринава, на скопскиот аердром единствено пристигнал авионот од Виена.

Густата магла создава проблеми и во патниот сообраќај. Од АМСМ велат дека на неколку правци има намалена видлиовост, некаде, помала и од 30 метри.

Изминатите денови, само на повисоките места има сонцето и температури околу 15 степен.

Металната ограда ги предупредува посетителите дека жицарницата не работи. Знаат дека таа во понеделник не работи, но очекувале отстапка заради празниците.

А мерните инструменти и денеска покажуваат високо ниво на загаденост. Земјава се најде на трето место во Европа. Мерењата покажуваат дека во скоро сите градови е надминат дозволениот праг на загадувбање, а за Тетово и Гостивар од денеска важат мерките и препораки во случај на голема загаденост.