Габриела Јанческа Атанасовска револтирана од односот на здраствениот систем и неопходната терапија што треба да се прима за ретките болести. Вели дека два месеци ја нема потребната терапија за луѓе што боледуваат од Јувенирен артритис, а надлежните си ја префрлуваат одговорноста.

Во продолжение ви го пренесуваме статусот

Здраво на сите. Многу сум револтирана и гневна. Сакам што поголем број луѓе да слушнат за овој проблем, сакам да се сплотиме и со заедничка сила да се избориме за животот на една група луѓе кои боледуваат од ЈУВЕНИЛЕН АРТРИТИС (за кои веќе 2 месеци нема соодветна терапија). Во овој случај станува збор за 11г. дете, кое последните три години ги поминува во тешка борба со оваа болест која е во многу напредна фаза. Секое утро детски солзи се ронат од се поголемата и неиздржлива болка, многубројни лекови…. но залудно. Соодветната терапија која треба да ја прима секој месец, вејќе 2 месеци ја нема. Сакам да ги повикам и да ги потсетам надлежните кои си ја префрлаат одговорноста едни на други. Кога станува збор за ЖИВОТ особено за ДЕТСКИ ЖИВОТ не е битно кај кој е винатa, туку сите заедно треба да се залагате за овие ЛУЃЕ кои се зависни од терапии НИКОГАШ да не останат без соодветната терапија. Вашето седење на удобна футеља и одложување на терапиите за вас значи плата на 1ви, но за луѓето кои се борат со оваа болест значи МНОГУ…. значи уште еден ден поминат во болки, во отворени рани кои крварат, во изгубено детство и расплакани очи. И ТОА НЕ Е СЕ… Има ли поголема болка за еден родител од тоа да си го гледа детето како од ДЕН на ДЕН се повеќе и повеќе му се лизга од раце ЧЕКАЈКИ ДРЖАВАТА ДА ОБЕЗБЕДИ СООДВЕТНА ТЕРАПИЈА? СРАМОТА…се срамам што воопшто живеам и работам во ваква држава, каде што секој месец од мојата плата се одвојуваат сретства кои се наменети за ЗДРАВСТВО… А ЗДРАВСТВО НЕМАМЕ!

ВЕ ЗАМОЛУВАМ сите да споделувате, за гласот да биде посилен и надлежните да слушнат. Ова е само еден случај… А уште колку ѓи има што оваа борба ја водат сами?.