Познатиот американски актер Чак Норис сподели дека неговата мајка Вилма Скарбери наполни 100 години.

– Не можам да верувам, а не може ниту мајка ми! Таа наполни 100 години на 4 мај! – изјави тој, нагласувајќи дека таа е вистински пример за „верник“.

– Не би бил човекот што сум, да не беше таа. Благословена сум што ја имам – додаде Норис.

Да потсетиме, тој многу пати во текот на неговата повеќедецениска кариера зборуваше за неговата блискост со неговата мајка и за тоа колку му значи нејзината поддршка. Тој наполни 81 година пред нешто повеќе од два месеци и има пет деца и 13 внуци.