Додека мајката сведочи како траела потрагата по нивната ќерка, обвинетиот татко Александар плаче со наведната глава на обвинителната клупа. Зорица Ѓорчевска изјави пред судот дека поранешниот сопруг и твредл од првиот момент дека Вања е киднапирана и не ја обвинувал поради исчезнувањето на детето.

Иако по природа според мајката бил импулсивен, во тие моменти бил тажен и потиштен. Александар бил задолжен за време на потрагата да ги прегледува снимките од камерите на најблиските локали.

Имало една сомнителна снимка на која се гледало човек со мобилен телефон бо време кога децата излегувале за на училиште, по што влегол во возило со затемнети стакла.Според Ѓорчевска, таткото знаел дека неговата ќерка ќе го губи првиот час, го известила вечерта, пред грабнувањето во понеделникот наутро. За обвинетиот Палески рече дека лично не го познава, но знае за него кој е