Бришењето започна година ипол по добиените сигнали од жителите на селото дека тие се регистрирани во избирачкиот список, а никој не ги има видено. Тие побарале нивно бришење од избирачкиот список уште пред локалните избори во 2019 година.
Но, според кметот на Рилци, Крум Крумов, наспроти постапката за бришење, тие ќе имаат право на глас на парламентарните избори.
Лицата се водат на непостоечки адреси на неизградени или новоизградени објекти, а државјани на Бугарија станале во последните 15 години.
Рилци не е единственото село со илјадници фиктивни жители. Во блиското Бело Поле на адреса на трафостаница се регистрирани 600 лица од Македонија. Според податоците на општината, во Благоевградско има близу 25.000 Македонци со бугарско државјанство.