Државјанин на Македонија баран со меѓународна потерница издадена од македонските власти, албанската полиција го уапси во пристаништето Драч, при обид да ја напушти албанската територија.
– На излез на граничниот премин во Драч, службите на граничната полиција, како резултат на зголемените мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа М.О. (32) државјанин на Македонија, баран со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение.
Се наведува исто така дека за време на обработката и верификацијата на податоците во системот, овој граѓанин се покажало како меѓународно барано лице, откако Судот против организиран криминал и корупција во Северна Македонија го осудил на четири години затвор за кривично дело „илегална организација на имиграција“.
Полицијата информира дека на крајот од истражните дејствија на стручните лица на одделот за истраги на криминал при полицискиот комесаријат Драч, извршиле привремено апсење на ова лице, со цел негова екстрадиција во Македонија.
Ова е последователен случај во кој албанската полиција апси македонски државјанин баран со меѓународна потерница.
На 19 минатиот месец на преминот Тушемиште – Свети Наум, на албанско – македонската граница, при влез во Албанија ја уапси А.М.(35) жителка на Охрид, барана со меѓународна потерница, издадена од норвешките власти, поради „семејно насилство и киднапирање“.
Претходно на 11 – ти истиот месец на граничниот премин Ќафасан, кај Струга, исто така при влез на албанска територија, уапсен беше Ф.В. (39), жител на село Велешта-Струга. Против него шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро, Бразил, издал налог за апсење за кривично дело „трговија со наркотици“.
Три дена подоцна на преминот Морина, пак, на албанско – косовската граница, кај Кукс, службите на албанската гранична полиција, го уапсија Џ.Ф. (38), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница, за кривични дела „кражби“ и „трговија со наркотици“, распишана од белгиските власти.