Македонскиот режисер Зоран Петровски е победник на шестата сезона на бугарското шоу „Survivor“, пренесуваат бугарските медиуми. До финалето стигнаа само тројца учесници кои најдобро се снаоѓаа во филипинската џунгла цели 43 дена, надмудрувајќи ги останатите дваесет учесници со својата итрина, упорност и среќа.
Според правилата на шоуто, жирито составено од претходни учесници од тековната сезона, гласаа за победникот. Доколку гласовите беа изедначени, гласањето немаше да се повтори, а одлуката за тоа кој ќе ја добие наградата ќе ја донесеше публиката. Сепак, се покажа дека Зоран е неприкосновен победник со најмногу гласови.
-Чувството е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев свој од почеток до крај, изјави Зоран по победата.
Поповски, кој глумел и во бугарската тв серија „Под прикритие“, каде ја запознал својата сопруга, актерката Силвија Петкова прво ги прегрнал неа и нивниот син кога водителот Владо Карамазов соопштил дека токму Зоран е победникот. Тој ја доби и главната награда од 150.000 лева.