Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Од УХМР посочуваат дека денеска температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни вечер и утре преку ден.