Македонската ракометна репрезентација утре околу пладне ќе истрча против Црна Гора во Стара Пазова, Србија во единствениот контролен натпревар пред враќањето во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за Европското првенство во Германија.

Според предвидениот план, во недостиг на доволно спаринг партнери, избраниците на Кирил Лазаров ќе играат контролен натпревар со Црна Гора кој ќе трае 90 минути, или три полувремиња по 30 минути.

Селекторот на подготовките во Србија има 19 играчи на располагање кои се враќаат по утрешниот пријателски натпревар во Скопје.

Македонија во Скопје ја очекуваат два пријателски натпревари со Грција, на 4-ти и 5-ти јануари.