Македонија ќе складира ориз во стоковните резерви: Што опфаќа предлогот во Собранието?
Во Собранието пристигна измена на Среднорочната програма за стоковни резерви (2021-2025), со која оризот ќе стане дел од националните резерви, пренесува Фактор.мк.
Оризот станува стратешка култура во резервите
Според законското решение, оризот се вметнува како производ од исклучително значење за населението.
Владата планира да складира ориз во вид на оризова арпа, што овозможува подолго и поефикасно чување.
Количини и финансиски трошоци
Годишната потрошувачка на ориз во Македонија изнесува 8.000 тони.
За 60-дневна резерва, ќе бидат потребни 1.300 тони ориз или 2.400 тони оризова арпа.
За оваа залиха на ориз во стоковните резерви ќе бидат издвоени околу 100 милиони денари.
Најави за нова набавка на оризова арпа
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, најави повик за набавка на 3.000 тони оризова арпа. Владата разгледува измени во набавките на стоковите резерви, со акцент на поддршка на македонските производи.
Со оваа одлука, Владата има за цел да обезбеди стабилни резерви на основни прехранбени производи и да поддржи домашното производство на ориз.
Темата околу откуп на оризот се актуелизираше во декември.
Решен е откупот на ориз: Владата со директна помош за македонските земјоделци
Тогаш, Владата јасно даде дознаење дека македонските земјоделци имаат целосна поддршка од нив. Мицкоски и Трипуновски донеле одлука да се поддржи откупот со 6000 денари за 1000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Освен тоа, оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од Владата по хектар за тековната 2024 година. Владата го подобрува животниот стандард за сите.