Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прва меѓувладина конференција на земјава со ЕУ.
Во соопштението оттаму уште еднаш порачуваат и дека нема да дозволат промена на Уставот и вметнување на Бугарите.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија. Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија. Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак ходно предпобараа лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски да се извини за сите лаги бидејќи, како што порачаа, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет.
-Република Cеверна Македонија денеска започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик, со заштитен идентитет, култура, посебност и засебност. Со ова на Христијан Мицкоски му потонаа сите лаги, деструкции и крвави сценарија за предизвикување на дестабилизација и етнички конфликт. Сите невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за асимилација, бугаризација, манипулации за македонскиот јазик, се разобличени до крај. Најмалку што може, Мицкоски да направи е да се извини за сите лаги, што хистерично ги ширеше, да им се извини на граѓаните затоа што си поигруваше со нивните чувства, ВМРО-ДПМНЕ да ѝ се извини на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која ја нарече нацист и лажга, велат од СДСМ.