МЗТ Скопје буквално го прегази тимот на ТФТ победувајќи го со 41 поен разлика, тимот од аеродром славеше со 102-61 и се пласираше во финалето од Купот на Македонија.
Кошаркарите на МЗТ Скопје утре ќе се борат за 11. трофеј во Купот на Македонија со што би се одлепиле од главниот ривал Работнички со кој засега имаат по 10 трофеи во ова натпреварување.
Неизвесно беше само во првите минути од мечот, потоа МЗТ Скопје се одлепи и уште во првиот период направи двоцифрена разлика која до крајот на мечот само ја зголемуваше за на крајот да победи со дури 41 поен разлика, 102-61.
Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа шутерско шоу, постигнаа дури 18 тројки. Најдобар стрелец беше Дамјан Стојановски со 18 поени, Робев постигна 16. Во составот на ТФТ, Бишоп постигна 15 поени.
МЗТ Скопје во утрешното финале кое почнува од 19:30 часот ќе игра со победникот од дуелот меѓу Феникс и Пелистер.