Екипата на Феникс вечерва направи историски резултат со пласманот во финалето на Купот на Македонија кој го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Тимот кој последните неколку години бележи прогрес го победи Пелистер со 86:79. Иако на овој натпревар битолчани беа фаворити, младиот тим на Феникс предводен од искусните Бојан Трајковски со 18 поени и Ивица Димчевски со 13 заслужено се радуваа на триумфот. Андреј Митревски натпреварот го заврши со 16 поени, додека Амар Хот имаше 18 поени, но предвреме го заврши натпреварот поради повреда.

Во поразениот тим најефикасен беше Сеад Хаџифејзовиќ со 25 поени.

Противник на Феникс во финалето ќе биде МЗТ Скопје Аеродром. Овој натпревбар ќе се игра утревечер од 19:30 часот.

Претходно, од 16:30 часот во женското финале ќе се соочат Баскет Кам 2011 и МЗТ Скопје Аеродром.

Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје.