Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година.

Нашите најдобри ракометари ќе играат во полскиот Краков во „Таурон“ Арената во групата „Ф“ со Норвешка, Аргентина и Холандија.

Како што објавуваат од хрватската ракометна федерација, непосредно пред стартот на СП, во јануари на „Кроација куп“ покрај домаќинот, ќе учествуваат репрезентациите на Македонија и Израел.