Македонија не може да премине во следната фаза од преговорите сè додека не стапат на сила уставните измени, велат од Делагацијата на Евроспката Унија во Македонија, за телевизијата „Телма“.
Јасни се заклучоците на Советот на ЕУ од минатата година за финиширање на првата фаза од пристапувањето, отворање на првиот Кластер, гласи одговорот на Делгацијата на Европската унија во Македонија за Телма, на прашањето дали е можно одложено стапување на сила на уставните измени, барањето кое минатата недела го стави на маса опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како услов да гласа за уставните измени.
Во точка 6 од заклучокот на Советот, што го цитира Делегацијата во одоворот, јасно е наведено дека Македонија не може да премине во следната фаза од преговорите т.е. да се одржи меѓувладината конференција и да се отвори првиот кластер, се додека не стапат на сила уставните измени.
Целиот текст тука