Резултати од одговорни политики
Најновите податоци покажуваат дека стапката на невработеност е намалена на 11,5%, што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес има околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени, што значи илјадници семејства со поголема економска сигурност.
„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Позитивни резултати се забележани и во надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69%, додека увозот за 4,35%. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41%, а увозот за 4,83%, додека вкупната трговска размена во делот на увозот е поголема за 5,07% во однос на истиот период минатата година.
Мицкоски нагласува дека Македонија оди напред со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија, додавајќи дека ова е „време на работа, резултати и развој“.