Здравје, а не провизии. Оставка на Филипче. Министерство за провизии. Со вакви транспаренти почна протестот на ВМРО ДПМНЕ, пред Министерството за здравство. Тие со едноминутно молчење им оддадоа почит на починатите од Ковид 19, по што побараа оставка од министерот Филипче и одговодност од премиерот Заев.

Филипче стана министер за мото трки и знам дека тој нема срце и душа да не разбере, тој има срце и душа за пусти проклети пари. Нема доблест да се извини, рече Стојаноска.

Тој дури проба да ја префрли одговорноста, си се вози со мотори, а Македонија плаче. Друштво му прави и Заев. Двоецот Заев Филипче вчера се надминаа себе си во својата неиживеаност, па со хелихоптер слетаа во Прилеп . Има ли победен премиер кој асдисува, а Филипче се вози и стана министер за мототрки. Луѓето на Заев одат на одмори од друга страна, нека појдат кај семејствата на починатите и ова нека им го соопштат, изјави Стојаноска.

Вака ли ќе ни функционира здраството?. Сакам одовде да им порачам дека за македонскиот народ со векови бил на маки и станал појак, За македонскиот народ се знае дека кога му било најтешко пеел, изјави Стојаноска. Се дрзнавте да договарате профит од набавката на вакцини. Подговувајте се за одговорност, изјави Стојановска.

Владимир Нелоски пред присутните побара аплауз за српскиот министер за здравство и оставка за Филипче.

Убијци се оние кога во држава умираат луѓе, а тие летаат со хеликоптер. ајде мајката, како што би рекол премиерот Јас се срамам што се април месец а имунизацијата не е започната. Денес пола Влада одат во Велес пазар да отворат , наместо да одат по белиот свет и да бараат вакцини., изјави Нелоски.