Група македонски граѓани кои побараа да бидат евакуирани од Израел синоќа безбедно пристигна на аеродромот во Скопје, јавија надлежните институции.
Така, Македонија се вбројува меѓу првите европски држави кои овозможија и спроведоа успешна евакуација на свои граѓани од зоната погодена од конфликт на Блискиот Исток. До понеделник, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка од државата за напуштање на Израел по влошувањето на безбедносната состојба таму.
Муцунски објави на својот Фејсбук профил.
Министерството за надворешни работи веднаш по ескалацијата на случувањата формираше кризен штаб и ги почна координираните активности за сигурна евакуација на македонските граѓани.
Евакуацијата беше извршена со владин авион, имајќи предвид дека меѓународниот воздушен сообраќај со Израел е привремено суспендиран. Втората група македонски државјани ќе биде евакуирана штом се воспостави редовен лет од Тел Авив.