Македонската фудбалска репрезентација вечерва ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Македонија квалификациите ќе ги започне против најлесниот ривал во групата, Малта. Во Ц-групата, покрај Македонија и Малта се и европскиот првак Италија, односно Англија и Украина.

Дуелот со Малта е добра можност националниот тим да ја подигне самодовербата и да ја прекине лошата серија. Македонија е без победа на последните пет натпревари.

Јасно е дека квалитетот е на наша страна, но Малта никако не смее да се потцени. Оваа селекција во последно време бележи солидни резултати.

Досега, Македонија и Малта одиграле шест натпревари. Пет пати Македонија победила, еден меч завршил нерешено.

Натпреварот во Скопје ќе започне во 20:45 часот.