Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на соочувањата со Полска на пријателските средби во Белград.
Во текот на вчерашниот ден Полјаците беа подобри 97:81, додека денеска забележаа уште поубедлив триумф од 84:52. Само во првиот период бевме рамнопрани (19-17), поточно по истиот дојде фуриозна четвртина за противникот од 30-9 (49:26)
По ова се беше рутина во второто полувреме, селекцијата на Полска само ја заврши работата и ни ги покажа сите слабости во нашата игра.
Ниту еден наш играч немаше двоцифрен учинок, по осум поени постигнаа Шортс, Робев и Ѓуроски.
Сега репрезентацијата се враќа за Скопје каде ќе тренира во наредните неколку дена, до 10. август за кога е предвидено заминувањето за Талин каде ќе бидеме дел од претквалификацискиот турнир за олимписките Игри во Париз.