Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во прва посета на Врховната команда на силите на НАТО за Европа во Монс, Белгија, каде одржа средба со врховниот командант на силите на НАТО и на трупите на САД во Европа генерал Кристофер Каволи.
По средбата со Каволи, претседателот Пендаровски имаше кус брифинг со македонските новинари, кои се гости на Одделот за јавна дипломатија на НАТО. Притоа истакна дека тема на разговорите со Каволи била војната во Украина и невоената помош што Алијансата ја дава за украинските сили, како и за придонесот што Северна Македонија во рамките на своите капацитети го пружа на Украина со цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мирот.
Проценките на високи НАТО претставници се дека не се дека не се очекуваат поместувања на линијата на борбените дејствија во текот на зимскиот период, но и дека ќе продолжи невоената поддршка на НАТО за Украина се додека Киев има потреба за тоа и на средбите со македонските новинари посочија дека никој не може да каже кога ќе заврши војната во Украина, но поддршката за Киев ќе продолжи се додека има потреба за тоа.
Во разговорот на Пендаровски и Каволи станало збор и за прашања од регионално значење, како и за безбедносната состојба во Косово каде Северна Македонија партиципира во КФОР мисија предводена од НАТО со контингент од 65 војници.
Пендаровски на средбата побарал од НАТО отворање на Центар за кибербезбедност по повеќето хакерски напади со кои се соочи земјата во изминатиот период.