Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во Австралија на осум години затвор, од кои шест без право на условен отпуст, откако се изјаснила за виновна за убиство од небрежност на 85-годишната соседка Лолин Вајтхенд.
Случајот се случил во јули 2024 година во Мелбурн. Богојевска ја задушила старицата, а потоа го сокрила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Телото било пронајдено два дена подоцна од рибар.
Судијката Џасинта Форбс нејзиното однесување го опишала како „опортунистичко, пресметано и себично“. Обвинителството првично ја теретело за убиство, но подоцна било прифатено изјаснувањето за убиство од небрежност.
