Ќотек и разделба, наместо свадба и веселба
На 19.02.2026 година во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.
Полициските службеници работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Засега не се соопштуваат дополнителни детали за тежината на повредите или за евентуални санкции, а истрагата е во тек. Надлежните институции апелираат граѓаните да пријавуваат вакви и слични случаи со цел навремена заштита и постапување.
