Со песната „Circles“ Андреа Коевска вечерва ја претстави Република Северна Македонија во второто полуфинале на шеесет и шестиот Евросонг кој се одржува во Торино.
Коевска настапи под реден број 11, од вкупно 18 земји учесници. Веднаш по неа настапи Стефан Аирапетјан, претставник на Естонија.
Во големото финале кое ќе се одржи во сабота ќе се пласираат 10 квалификанти.