Србија го избра својот претставник за овогодинешната „Евровизија“. Во мај во Ливерпул ќе пее контроверзниот Лука Ивановиќ со естрадното име – Лук Блек, 30-годишен пејач од Чачак, кој последните неколку години живее и работи во Лондон.

Тој ја пее „Само ми се спава“, песна која е избрана после две полуфинални вечери и вчерашното големо финале.