Како што соопшти Окружното обвинителство во градот, лицето било приведено од полицијата на барање на судските органи на Македонија.
-Тој е осуден од Основниот суд во Скопје на три години затвор за измама и е распишана меѓународна потерница по него. Осуденикот довел во заблуда друго лице при купување автомобил БМВ, стои во соопштението.
До екстрадицијата во Македонија Е.Н. ќе го издржува притворот во затворот Бобов Дол.