Ова било истакнато на денешната средба во Вилнус меѓу вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и премиерката на Литванија Ингрида Шимоните. Димитров, по вчерашната посета на Летонија, денеска во Вилнус продолжува со балтичката турнија.

На средбата се разговарало за изгледите и предизвиците за отпочнување на пристапните преговори на Македонија, а беа разменети мислења за актуелните состојби во земјите од двата региони.

Како што соопшти СЕП, соговорниците се согласија дека прашањето за отпочнување на преговорите на Македонија за полноправно членство во ЕУ има силни регионални реперкусии и геополитички импликации.

Премиерката Шимоните потенцираше дека Литванија ќе продолжи активно да ја поддржува европската перспектива на Македонија.

Вчера за време на средбите во Парламентот во Рига, Димитров од летонските пратеници добил порака дека секое натамошно одложување на пристапните преговори со Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан.