– На влез на граничниот премин Морина, службите на граничната полиција, како резултат на зголемени мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа лицето Џелал Ферати (38), жител на Скопје, Македонија, баран со меѓународна потерница, за кривични дела „кражби“ и „трговија со наркотици“, стои во соопштението.
Се додава дека за време на обработката и верификацијата на податоците во системот, е утврдено дека македонскиот државјанин е прогласен за меѓународно барано лице од Интерпол Брисел, Белгија, откако тамошните судски органи го осудиле на три години затвор за споменатите кривични дела.
Полицијата информира дека на крајот од истражните дејствија на стручните лица на одделот за истраги на криминал при полицискиот комесаријат Кукс, извршиле привремено апсење на Ферати, со цел негова екстрадиција во Белгија, врз основа на „Европската конвенција за екстрадиција“ од 1957 година.