– Ноќеска околу 3.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 56-годишен жител на тетовско село, кој бил пријавен дека околу 19 часот се обидел да изврши обљуба над 30-годишната сосетка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Педесет и шестгодишникот потоа бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.