Министерот за здравство, Венко Филипче за „Фокус“ потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.

Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните видови коронавируси досега.