Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот Османи и неговиот кабинет во врска со урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог, велат од МДС.

-Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација. Не е вистина тврдењето на МНР Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати. Предлогот вооопшто не искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на „искусните дипломати“ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата, се наведува во нивното соопштение.