Македонскиот тим од пет гејмери: Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Даниел “dan1” Глигоров, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристиан “Cryveng” Трпкоски победи во CS:GO на Европскиот куп на нации.

Заедно со славата, нашиот тим освои и парична награда од 3.000 долари. Настанот European Nations Cup беше организиран од ESPORTS EUROPE и World Esports IESF International Esports Federation.

Големата победа на тимот гејмери од земјава на Фејсбук ја одбележа и Македонската Еспорт Федерација, која напиша дека за првпат во историјата на Македонската Еспорт Федерација и македонската CS:GO сцена, освојуваме прво место на меѓународен настан.