Клубот од „Олд Трафорд“ додаде дека до реализација на трансферот преостанува уште Роналдо да ги договори личните услови и да ги мине задолжителните медицински прегледи.

Британските и италијанските медиуми јавија дека вредноста на трансферот изнесува 25 милиони евра.

Роналдо (36) го носеше дресот на Манчестер Јунјатед од 2003 до 2009 година и на 292 натпревари постигна 118 голови, освојувајќи ја Лигата на шампиони (2008), три англиски титули и еден ФА куп.

Во летото 2009 година, Роналдо за тогаш рекорден трансфер од 94 милини евра го замени Јунајтед со Реал Мадрид, каде мина девет сезони, а последните три беше дел од италијанскиот гигант Јувентус.