Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници од повеќе држави во светот. Школата ќе трае од 31 јули до 6 август и има цел младите генерации од дијаспората подобро да го научат македонскиот јазик и да се запознаат со културата, историјата и традицијата на Македонија.
Преку програмата, учесниците треба дополнително да ја зацврстат врската со татковината и да го негуваат мајчиниот јазик, без разлика каде живеат.
– Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата култура и најсилната врска што не обединува, без разлика каде живееме. Затоа, особено е важно најмладите да го негуваат мајчиниот јазик и да ја продолжат љубовта кон Македонија. На сите учесници им посакувам успешна недела исполнета со нови знаења, пријателства и убави спомени од Охрид – напиша Мицкоски на Фејсбук.
