Граѓаните на Македонија од 1. јуни ќе можат полесно да работат во Германија. Оваа земја донесе одлука да го зголеми бројот на работни визи за жителите на Западен Балкан на 50.000 лица, со што германскиот пазар на труд ќе стане подостапен.

Оваа одлука важи за граѓаните на Македонија, како и за Србија, Албанија, БИХ и Црна Гора.

Регулативата за овие земји се ограничи до крајот на 2023 година, а со донесеување на новиот Закон, Германија одлучи да ги промени правилата за земјите од Западен Балкан.

Регистрацијата за работна виза за Германија се отвори вчера, а завршува на 14. мај 2024 година. Секој заинтересиран може да се регистрира и нема потреба од посредници или агенции.

Оние кои ќе бидат избрани со системот за лотарија ќе бидат известени од германските власти и потоа ќе можат да аплицираат за виза.