Македонските пензии најниски во регионот и во однос на просечната и во однос на минималната пензија. Податоците од пензиските фондови покажуваат дека Македонија во однос на просечната пензија е на дното, односно повисока просечна пензија од нас земаат пензионерите во Црна Гора, Хрватска, Бугарија, па дури и од Србија и во Босна и Херцеговина, иако разликата со нив е нешто околу 10 евра. Што се однесува на минимална пензија не сме последни, туку претпоследни. Пониска минимална пензија земаат само српските пензионери. Таму минималната пензија е 10.518 денари , а кај нас се движи од 10 илјади до 12 илјади , анализира Алфа ТВ, a пренесува Expres.mk.

Просечна пензија минимална пензија

Хрватска 39,507 ден 33,103ден

Црна Гора 22.109 ден 17.367 ден

Бугарија 21,167 ден 16,458 ден

Србија 19.886 ден 10.518 денари

Босна и Херцеговина 19,514 15596 денари

Македонија 19. 052 до 13.000 денари