Мечот против репрезентацијата на Алжир заврши со резултат од 40:25 во корист на македонската репрезентација. Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите“ во Групата-2 за пласман од 25. до 32. место
По трите убедливи порази во Ф-групата, со денешната победа над Алжир македонските ракометари ги почнаа настапите во Президент купот на Светското првенство 2023 година. Мечот против репрезентацијата на Алжир заврши со резултат од 40:25 во корист на македонската репрезентација.

Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите“ во Групата-2 за пласман од 25. до 32. место.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, денес одиграа добар натпревар без оглед на противникот кој не е на ниво на Норвешка, Холандија или Аргентина.

Најефикасни во победничкиот состав со по седум голови беа Дејан Манасков и Жарко Пешевски