Македонската ракометна репрезентација ќе биде наградена со 50 000 евра доколку успее да се пласираат во втората рунда на Европското првенство.

Ракометна федерација на Македонија уште еднаш покажа дека знае да ги вреднува резултатите на националниот тим и да придонесе за дополнителна мотивација кај играчите.

Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на 13 јануари во првото коло се среќава со Словенија.

Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска. Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.